Меланија и Доналд Трамп се позитивни на Ковид-19: Ќе поминеме низ ова заедно!

2 октомври 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, се позитивни на вирусот Ковид-19. Тие се во карантин, а веста ја сподели претседателот на својот Твитер профил:

„Вечерва, јас и првата дама добивме позитивен резултат на тестот за КОВИД-19. Веднаш ќе го започнеме нашиот карантин и процес на опоравување. Ќе поминеме низ ова заедно!“, напиша Трамп.

 

Двојката е тестирана, откако една од најблиските соработнички на претседателот, 31-годишната Хоуп Хикс, потврди дека е позитивна на коронавирус. Таа неделава патувала со  Трамп во Охајо, каде тој имаше тв-дебата.

И првата дама на САД се огласи на својот Твитер профил:

„Како што направија многу Американци, така и јас и претседателот одиме во домашен карантин откако добивме позитивен резултат од тестирањето за Ковид-19. Добро се чувствуваме и ги одложивме сите ангажмани во претстојниот период. Ве молам, грижете се за вашата безбедност и ќе поминеме низ ова заедно“, гласи објавата на Маланија.

Инаку, Доналд кој има 74 и Меланија која има 50 години спаѓаат во високоризичната група за компликации од Ковид-19, но лекарскиот тим на Белата куќа потврди дека тие навистина се чувствуваат добро и дека ќе ја следат нивната ситуација.

„Како што направија многу Американци оваа година, така и јас и Претседателот одиме во домашен карантин откако добивме позитивен резултат за КОВИД-19. Добро се чувствуваме и ги одложивме сите ангажмани. Ве молам грижете се за вашата безбедност и ќе поминеме низ ова заедно" – напиша Меланија.

Втората претседателска дебата е закажана за 15 октомври во Мајами, па се уште е неизвесно дали и како на неа ќе присуствува Доналд.

Објавено:
2 октомври 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
907 пати