Меланија Трамп елегантна и отмена и во тексас фустан

9 мај 2019

По повод кампањата „BeBest" која има за цел да ја зголеми иницијативата за борбата против сајбер булингот и злоупотребата на дрога, претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, организираа голема забава на тревникот пред Белата куќа.

Во рамките на настанот, говор одржа и Меланија потенцирајќи колку е значајно да се препознаат овие проблеми и да се води битката со нив.

Елегантниот и отмен изглед е нејзина карактеристика, па така беше стилизирана и на овој настан, во тексас фустан со миди должина, а струкот ѝ беше потенциран со ремен.

Овој тип на фустани се покажа како непогрешен избор за првата дама на САД, а таа е свесна дека идеално ја истакнува нејзината одлична фигура, па затоа овој модел на фустани често го мплементира во своите комбинации.

 

Објавено:
9 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.740 пати