Меланија Трамп, сафари фустанот, најскапата чанта на светот и раката на Доналд

19 август 2020

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговото семејство вчера се вратија од одморот во Бедминстер. Како и секогаш, нивното однесување и стајлингот на Меланија беа испратени под будното око на јавноста.

За враќањето во Белата куќа, првата дама одбра сафари-кошула фустан во беж нијанса со потпис од британската дизајнерка Стела Мекартни. Она што уште повеќе привлече внимание е изборот на чанта. Освен ременот и обувките во кафена нијанса, Меланија како највпечатлив моден додаток ја носеше „Биркин“ чантата на „Ермес“ која важи и за една од најскапите на светот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Baku,Azerbaijan (@terz.xanimlar) onAug 18, 2020 at 11:17pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barronupdate (@barronupdate) onAug 16, 2020 at 3:19pm PDT

 

 

Секако дека тој избор побуди реакции кај јавноста, но цената на чантата ја засени раката на Доналд Трамп.

Имено, претседателот при симнувањето од авионот, се обиде да ја фати Меланија за рака, и тоа три пати, но таа цврсто ја држеше чантата и внимаваше како се симнува, што на Трамп не му остана ништо освен да си ја прибере назад.

Ова не е првпат и затоа поттикна нови коментари и во јавноста и на социјалните мрежи. „Корпата“ што ја добил Трамп, како што пишуваат на Твитер, е показател дека двојката повторно не е во добри односи.

Други пак коментираат дека ни Меланија не може да го трпи, додека пак трети велат дека прашање на време е кога нивниот брак, односно фарса, ќе доживее крај.

Погледнете ги видеата:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LIT TALK (@littalknetwork) onAug 18, 2020 at 12:32pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@lips_ve) onAug 18, 2020 at 7:02pm PDT

 

 

 

Објавено:
19 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.933 пати