Меланија Трамп уште еднаш ја покажа моќта на едноставниот моден израз

21 мај 2020

Постојат модни парчиња кои им пркосат на сите нови трендови. Без разлика што е актуелно, тие секогаш ќе бидат сигурен избор во кој можете добро да изгледате, секако прилагодено на вашето тело.

Еден таков модел е и тесен миди фустан без ракави. Може да биде добар избор за коктел-пригода, или пак за дневна варијанта, како во случајот на Меланија Трамп.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump.style) onMay 15, 2020 at 7:03pm PDT

 Нејзиниот конкретно е од модниот бренд „Џејсон Ву“, а интересниот, ситен принт, го прави впечатлив и покрај тоа што кројот е класичен и едноставен. Уште ако ви прилега добро на телото, како што тоа е случај со Меланија, ја имате добитната комбинација.

За уште поголем впечаток, првата дама на САД одбра чевли во портокалова нијанса со потпис на Маноло Бланик и ја направи оваа комбинација посакувана. А доказ за тоа е што и покрај цената од 1.795 долари, овој фустан е комплетно распродаден. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by First Lady Melania Trump (@alwaysmelania) onMay 15, 2020 at 4:48pm PDT

 

Објавено:
21 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.448 пати
Тагови: 
Меланија Трамп