Модата од портокаловиот килим од Kids' Choice Awards

31 март 2014

kolaz

Манифестацијата Kids' Choice Awards 2014 се одржаа викендов со што се избраа и најдобрите во многубројните категории. На портокаловиот килим  се појавија бројни детски и тинејџ актерски и музички имиња, а секој од нив презентираше стил кој повеќе или помалку соодветствува на нивната возраст.

Во текот на вечерта покрај официјалниот дел и доделувањето на наградите, постои и традиционално и не толку пријатно изненадување на дел од ѕвездите, врз кои се истура зелена течност. Така, оваа година меѓу изненадените се најдоа актерката Кејли Куоко Свитинг, Фарел Вилијамс како и Енди Самберг, Коди Симпсон, како и водителот на манифестација, Марк Валберг.

-jmd-032914_copy

Кога се наградите во прашање, актерката Џенифер Лоренс не присуствуваше на настанот, но публиката и овозможи да се закити со две награди за Омилена женска филмска актерка и „Најопасен“ женски лик. Филмот во кој глуми The Hunger Games: Catching Fire е прогласен за Омилен филм.

Во категоријата Омилена музичка група, наградата отиде во рацете на тинејџ групата One Direction, како и за Омилена песна, додека Селена Гомез и Ариана Гранде се закитија со наградите Омилена пејачка, односно Тв актерка.

Во продолжение погледнете ги останатите наградени, како и галеријата од портокаловиот килим и споделете го вашето мислење за тоа како ви се допаѓа модниот избор на младите ѕвезди.

  • Омилен пејач: Џастин Тимберлејк
  • Омилен цртан филмSpongeBob SquarePants
  • Омилено реално шоуWipeout
  • „Најопасен“ женски лик: Џенифер Лоренс, The Hunger Games: Catching Fire
  • Омилен глас од анимиран филм: Миранда Косгров, Despicable Me 2
  • Омилена филмска актерка: Џенифер Лоренс, The Hunger Games: Catching Fire
  • Омилен филмThe Hunger Games: Catching Fire
  • Омилен анимиран филмFrozen
  • „Најопасен“ машки лик : Роберт Дауни Џуниор
  • Омилен филмски актер: Адам Сендлер
  • Омилени песниStory of My Life, One Direction
  • Омилена музичка група: One Direction
  • Омилено ТВ шоуSam & Cat
  • Омилен ТВ актер: Рос Линч
  • Омилена ТВ актерка: Ариана Гранде
  • Омилена пејачка: Селена Гомез
  • Омилена забавна ѕвезда: Кевин Харт
  • Омилена видео игра: Just Dance 2014
  • Омилена апликација: Despicable Me: Minion Rush
  • Омилена книга:  Diary of a Wimpy Kid series
  • Најентузијастички спортист: Двајт Хаурд
Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Сцена