Модна недела Њујорк: Гламур на забавата на Harper’s Bazaar

7 септември 2019

Вистинско уживање и модно доживување е да се разгледуваат фотографиите од црвениот килим, од синоќешната традиционална забава на Harper's Bazaar во рамките на Модната недела во Њујорк, „Bazaar Icons".

Овде е присутен кремот на модниот шоу бизнис и тоа во своето најелитно издание.

Црвен килим без модно промашување, а што друго би се очекувало кога е во организација на модната икона Карин Ројтфилд.

Друштво на модната уредничка ѝ правеа дел од најпопуларните ѕвезди на денешницата како Ешли Греам, Емили Ратајковски, Алесандра Амбросио, Зендаја, Каролина Куркова...

Погледнете како изгледа гламур со сиот негов сјај...

Фото: Harper's Bazaar

Објавено:
7 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.825 пати