Модни икони од високото друштво

26 јуни 2013

Работите во нивните плакари се еднакви колку најскапиот стан во некоја светска метропола благодарение на големиот број брендирани парчиња: Марк Џејкобс, Шанел, Прада, Версаче итн.

Мирослава Дума својата кариера ја започнала како кореспондент за специјални случувања во рускиот Harpers Bazaar, а за кратко време станала надворешен соработник за рускиот L’Oficiel, Glamour magazine, Ok magazine, Tatler и други. Ако се прашувате како младата 25 годишна студентка по економија успеала толку многу, тогаш треба да знаете дека има богат бекграунд, богат сопруг и исклучителен стил заради кој модните блогови пишуваат есеи, а нејзината последна колекција ја надмина и страствената колекционерка, Викторија Бекам.

Лорен Санто Доминго живее живот на вистинска принцеза. Покрај тоа што е омажена за наследникот на најбогатата колумбијска фамилија Александар Санто Доминго, оваа витка русокоса и пред тоа негувала имиџ на дама од богата фамилија, Работела во тимот на Каролина Херера, денес е надворешен соработник во Вог и за Џејсон Ву. Оваа позната трендесетерка на почетокот го негувала имиџот на конзервативна дама, но денес е посмела во својот избор, па можеме да ја видиме и во креации со поколоритен крој.

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Сцена