Мудрите зборови на Кијану Ривс добиваат вистинско значење во актуелната ситуација

9 април 2020

Неговата одмереност и скромност, нетипични за холивудска ѕвезда, секогаш проследени со мудри проценки на секоја ситуација, во време кога човештвото се соочува со сериозни премрежја, добиваат вистински израз.

Кијану Ривс низ животот извојувал многу лични битки што му помогнале да ги процени вистинските вредности и суштината на нашето овде и сега.

А во ситуацијата со која сега се соочува целото човештво, неговото лично видување станува универзална мисла.

Вo една прилика тој ќе каже:

-Рамнодушен сум кон материјалното. Направив огромно богатство, но сакам да уживам во животот, а не да го трошам на грижи за тоа што да купам. Сакам едноставен живот, ми треба само еден куфер со основни работи и хотелска соба. На крајот од денот, сите знаеме дека е поважно да бидеш здрав, отколку богат.

Помеѓу сите прашања со кои нè соочи глобалната криза, е и прашањето: Што всушности ни е нужно?

А Кијану одамна го има одговорот.

-Сите убави и вредни работи ги занемарувате и така животот минува покрај вас.
Ако мислите дека парите се среќа, сте ја промашиле суштината. Имам милиони, но можам и без нив. Немојте да се залажувате, парите не се најбитни, вели актерот.

 

Објавено:
9 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
977 пати
Тагови: 
Кијану Ривс