На роденденот на Оливие Рустенг

26 октомври 2015

„Може ли да се нишам додека го водиме разговорот? Роденден ми е и можам да правам што сакам“, рече Оливие Рустенг на почетокот од интервјуто за WWD, а по повод неговиот роденден.

Дизајнерот ја направи забавата во петок, во приватна куќа во Лос Анџелес, а меѓу гостите беа бројни познати ѕвезди.

Оливие Рустенг

Џенифер Лопез, Џастин Тимберлејк, Џесика Бил, Кардашијанови, Роси Ханингтон, Кејт Хадсон, Кара Делевињ, Џордан Дан, Џејми Кинг, Шанел Иман се само дел од оние што го направија роденденот на Рустенг уште поспецијален.

Инаку, вистинскиот роденден на дизајнерот е на 13-ти септември, но поради професионални обврски и  колекциите на Балман и H&M, тој одлучи да го одложи славењето.

-Сега сум подготвен за релаксација. Имав одлично шоу за H&M. Навистина бев многу среќен. Знаете дека некои луѓе не го разбраа? Но, некои да – призна Оливие.

Велат дека со годините доаѓа и трпението, мудроста, перспективата, строгоста – нешто што Рустенг е подготвен да го восприеми.

На крајот на денот, тоа што имам 30 години ме прави посилен и подготвен да се соочам со светот на различен начин, многу повеќе отколку кога бев помлад. На овие години постигнам многу. Само сакам да уживам во оваа убавина која ја имам во мојот живот. Понекогаш забораваме колку модата е прекрасна, но уште попрекрасно е да се чувствувате сакам. А така јас ќе се чувствувам вечерва. Вечерва сè е во знакот на љубовта, забавата и пријателството – изјави дизајнерот непосредно пред да ги дочека гостите.

Џенифер Лопез

Ким Кардашијан и Кортни пристигнаа први. После нив Крис Џенер со нејзиното момче Кореј Гамбл, а потоа се појавија и Елизабет Стјуарт, Тара Свенсен, Рејчел Зои, Алесандра Амбросио, која му подари рамка од Tiffany&Co, а сите гости се забавуваа на хип-хоп музика. 

Објавено:
26 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
606 пати