Најдобрите изданија: Наместо на црвен килим, ѕвездите на „Еми“ наградите позираа од дома

21 септември 2020

Комичарот Џими Кимел вчеравечер од празната сала на Стејплс-центар во Лос Анџалес ѝ посака добредојде на онлајн публиката на 72-то издание на престижните телевизиски награди „Еми" што за прв пат годинава беа одржани дигитално, како последица на пандемијата.

Сите ѕвезди и наградени исто така своите говори и поздрави ги упатија од дома, па како надополнување на ова, наместо на црвен килим, позираа од удобноста на нивните домови.

Освен што ова е прво дигитално издание на наградите, го обележаа уште неколку значајни моменти што се случуваат за прв пат, а беа поставени и нови рекорди: серијата „Schitt's Creek" е прва хумористична серија што ги освоила сите големи награди во категоријата хумористични серии, а „Watchmen" со 26 номинации е прва адаптација на стрип што добила една од главните награди, додека Зендаја стана најмладата актерка која освоила „Еми" за главна женска улога во драма.

 

Токму Зендаја беше и на листата на најдобро облечени, појавувајќи се во две фантастични изданија, со потпис на Армани и Кристофер Џон Роџерс. На оваа листа ѝ се придружија и Рис Витерспун, Реџина Кинг, Кери Вашингтон, Шира Хас, Џенифер Анистон...

Во продолжене ви пренесуваме како изгледаа ѕвездите на ова невообичаено издание на манифестацијата, како и дел од листата на наградени:

Најдобра комична серија - „Schitt's Creek"
Најдобра драмска серија – „Succession"
Најдобра лимитирана серија - „Watchmen"
Најдобра актерка во драмска серија – Зендаја во „Euphoria"
Најдобар актер во драмска серија – Џереми Стронг во „Succession"
Најдобар актер во комична серија – Јуџин Леви во „Schitt's Creek"
Најдобра актерка во комична серија – Кетрин О'Хара во „Schitt's Creek"
Најдобар главен актер во лимитирана серија – Марк Рафало во I„ Know This Much Is True"
Најдобра актерка во лимитирана серија – Реџина Кинг во „Watchmen"

 

 

Објавено:
21 септември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
438 пати