Наоми Кемпбел смени две креации за својот роденден

26 мај 2014

Наоми Кемпбел својот роденден го прослави во гламурозен ресторан во Монако, а на прославата меѓу гостите беше и нејзиниот поранешен свршеник, италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе, кој е во брак со италијанската манекенка и водителка Елизабета Грегорачи. Иако нивната врска заврши во 2003 година, сепак Кемпбел го смета Флавио за нејзин ментор.

Сепак тоа што можеби привлече најголемо внимание е прекрасниот изглед и топ форма во која се наоѓа 44 годишен супермодел, која за забавата смени креации од две модни куќи. Прво изгледаше гламурозно во жолтиот фустан со длабоко деколте од Версаче, а подоцна во сексапилно издание во фустан од Живанши, шарен на долниот дел и црн на горниот дел, исто така со длабоко деколте.

Познатиот модел на својот профил на Твитер се заблагодари за двата фустани, особено поради вниманието кои и го посветиле Донатела Версаче и Рикардо Тиши за овие фустани да и бидат лично доставени токму за нејзиниот роденден.

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Сцена