Натали Портман во совршена хармонија со високата мода

22 октомври 2013

За насловната страна на новиот број на магазинот Marie Clarie, неодоливата актерка Натали Портман е овековечена во haute couture комбинации на модните куќи Диор, Армани, Версаче и Џамбатиста Вали. Во последно време таа често се појавува на насловните на повеќе модни магазини. Исто така таа беше главен лик во октомвриското издание на британскиот Elle, а е избрана и за заштитно лице на карминот за усни Dior Rouge.

Објавено:
22 октомври 2013
Категорија: 
Сцена