Невообичаен моден избор на Џенифер Лопез

23 јуни 2013

После долги години поминати во светот на шоу бизнисот, Џенифер Лопез ја доби својата ѕвезда на булеварот на славните. Актерката и пејачка не можеше да го сокрие бранот емоции со кои беше обземена. На церемонијата пристигна во едно невообичаено издание. Имено, на сите им е добро познато дека за свечени прилики Џенифер одбира да носи креации на Зухар Мурат, чии тоалети совршено коренспондираат со нејзините облини и стил, затоа изборот да носи креација на модната куќа Диор за доделувањето на нејзината ѕвезда е вистинско изненадување.

 

 

Убавата Џенифер се одлучи за дводелна креација во класичен балски стил, бел топ од кашмир во комбинација со свилено здолниште во корална боја, модел кој е претставен во склоп на новата пред есенска колекција на Диор.

 

 

Овој стајлинг е надополнет со црни потпетици од брендот Briana Atwood и обетки со потпис на H. Sterna.

 

 

Објавено:
23 јуни 2013
Категорија: 
Сцена