Никол Кидман: Завршив со ботоксот

14 август 2017

Честопати е прогласувана за една од најубавите жени во Холивуд, но она што нејзините обожаватели уште повеќе го почитуваат е што Никол Кидман никогаш не криеше дека е љубител на пластични операции, односно естетски зафати.

Неодамна во едно интервју за американска телевизија, таа октри дека ботоксот е најголемата грешка што некогаш ја направила.

фото извор: eonline.com - Никол Кидман за Пирели календарот за 2017

-Испробував многу работи. Но, освен добрата исхрана и спортување, голем дел другите од работи не му помагаат на вашиот изглед, барем не долгорочно. Пробав и ботокс, но воопшто не ми се допадна како изгледаше моето лице потоа. Сега веќе не го користам и конечно можам повторно да правам гестикулации и да го движам лицето – открива Кидман.

Таа додава дека има 50 години, но тоа воопшто не претставува товар за неа, напротив.

-Драго ми е што можам да кажам дека имам 50 години и не се обидувам тоа да го сокријам – вели Австралијанката.

фото извор: goldenglobes.com

Што се однесува на професионален план, Кидман повторно прави бум, овој пат со серијата „Мали лаги“, каде е адвокатка во пензија, која живее со насилен сопруг.

Токму за оваа улога ќе каже дека ѝ е една од најтешките во кариерата.

фото извор: Pinterest.com

-Се сеќавам на една сцена кога лежев во долна облека на под, после злоставувањето. Не мрдав, не можев да стана. Тогаш дојде Жан Марк (режисерот) и ме покри со крпа, затоа што се почувствував сосема понижено и уништено – коментира актерката која секогаш вели се соживува со ликовите што ги игра и нивните приказни.

Објавено:
14 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.691 пати