Никол Шерцингер во врска со фудбалер со македонско потекло!

30 јуни 2015

Првата дама на групата Пусикет Долс, Никол Шерцингер вчера го прослави нејзиниот 37 – ми роденден на прекрасниот Миконос, каде се забавуваше со нејзините пријателки и новото момче до утринските часови.

Кога сме кај нејзиното ново момче, она што е важно да се спомене е тоа дека станува збор за 23 – годишниот швајцарски репрезентативец Пајтим Касами кој имено е роден во Струга.

Прекрасната Никол постојано објавуваше фотографии на социјалните мрежи, на кои вистински блескаше, со што многумина проценија дека таа е вистински вљубена!

Згодниот Касами е цели 14 години помлад од пејачката, но тоа воопшто не изгледа како пречка за нивната љубов да се развива уште повеќе.

Во продолжение во галеријата, погледнете дел од фотографиите од лудата забава на Никол со пријателките и момчето на волшебниот Миконос.

 

Објавено:
30 јуни 2015
Категорија: 
Сцена