Нина Бадриќ на модната недела на висока мода во Париз

22 јануари 2014

Модната недела на висока мода во Париз на едно место ги собра познатите лица од светот на шоубизнисот и модната индустрија, а една од нив беше и Нина Бадриќ. Хрватската пејачка на својот профил на Инстаграм се пофали со фотографии од Донатела Версаче и Лејди Гага и ги документираше ревиите на Версаче, Кристијан Диор и Шанел.

Покрај екслузивните фотографии, пејачката блескаше во уникатен аутфит од кој посебно се издвојуваше црната чанта од Шанел.

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Сцена