Британската пејачка Адел на музичката сцена се појави како девојка која има раскошен глас и некој килограм повеќе.
Но, токму тој изглед ѝ даде автентичност и умееше совршено да го носи.
Од лични причини, како што ќе наведе во едно интервју, пред сè здравствени и за да може да му биде што повеќе од помош на својот син, таа одлучи драстично да ги намали килограмите.
Денес има 46 килограми помалку, а нејзиното појавување на забавата на Бијонсе и Џеј Зи после „Оскарите“ предизвика бурни реакции.
View this post on Instagram
На фотографијата таа носи тесен фустан со животински принт, со кој нејзиниот тенок струк уште повеќе дојде до израз, но обожавателите не се пресреќни.
Тие коментираат дека таа е непрепознатлива и дека како покрупна била далеку поубава.
„Сега изгледа како да е болна, претходно изгледаше прекрасно!“, „Не изгледа среќна“, „Не личи на себе“, „Изгледаше далеку подобро кога беше покрупна“, „Дали драстичната промена на изгледот може да ѝ влијае и на гласот“, „Ова е екстрем, зошто?“, „Правела ли некаква корекција на усните или лицето, непрепознатлива е“, се само дел од коментарите кои можат да се најдат на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Сепак, има и такви кои сметаат дека килограмите не ја одредуваат како личност и дека таа си е сепак истата Адел, како и тоа дека ако неа новиот изглед ја прави среќна, зошто воопшто би било тема на дискусија.
Но, ете сепак е, бидејќи коментарите не престануваат, како и објавите од сите светски медиуми.
View this post on Instagram
View this post on Instagram