Познатата колумбиска актерка Софија Вергара, неодамна го прослави 50-от роденден и можеби тоа бил повод да се наврати на старите семејни албуми и да ги освежи сеќавањата од своите тинејџерски години. Па вчера, на својот Инстаграм профил со над 26 милиони следбеници, објави две фотографии од 80-тите, кога таа имала 14 години.
На фотографијата, тогаш 14-годишната ѕвезда во најава, е со плава коса. Нема потреба да потенцираме дека уште тогаш била вистинска убавица.
Светот ја запозна Вергара благодарение на нејзината улога во мексиканската сапуница од 1995 година, „Acapulco, Cuerpo y Alma", а на 17-години ја снимаше својата прва реклама за Пепси, по што следуваа низа комерцијални успеси во нејзината кариера како актерка, водителка и модел.
Во 2003 година го снимаше филмот „Chasing Papi", по што следуваа бројни ангажмани за големото платно, меѓу кои и улогата во „Madea Goes To Jail" која ѝ донесе номинација за ALMA наградите.
Но, сепак можеби за светот е најпрепознатлива по нејзината главна улога во хит серијата „Modern Family" за која Вергара има добиено четири Голден Глоуб номинации и четири Еми награди.