Ова е новата омилена блуза на Бијонсе

26 мај 2015

landscape-1432403815-beyonce

Бијонсе не заборава да нè потсети кој е главен во шоу-бизнисот. Најновата нејзина фотографија на Инстаграм собра многу лајкови и симпатии, сè благодарение на новата блуза со натпис Queen Bee.

Со џинс-шорц и сандали, природна шминка, Бијонсе уште еднаш се покажа како инспирација за лежерен и шик изглед.

И додека многумина мислеа дека блузата е најновото парче на некој од уличните модни брендови, од Harper’s Bazaar објавија дека се работи за модел на нов лондонски бренд BAW (Black and White). Парчињата им се достапни онлајн, а се одликуваат со минимализам. Инаку, цената на блузонот изнесува 96 долари.

1432481040-queen-bee-sq

Објавено:
26 мај 2015
Категорија: 
Сцена