Светски познатиот магазин Lucky конечно ја откри насловната страница за месец февруари, а ѕвезди на истата се познатите модни блогерки Кјара Ферањи (The Blond Salad), Никол Варн (Garry Pepper) и Занита Вајтингтон (Zanita).
Популарниот магазин ги рангираше овие три девојки како новите дигитални модни ѕвезди кои дефинитивно ќе владеат со интернет модата оваа година, пишува Fashion.hr.
Иако многумина беа изненадени од одлуката на магазинот да ги стави токму овие три блогерки на нивната насловна страна, бидејќи тоа не е чест случај, но по реакциите се чини дека тоа е сосема правилна одлука.
Сите честитки за февруарската насловна страница на магазинот отидоа кај уредничката Ева Чен која најдобро знае и верува дека овие девојки ќе и донесат огромен број продадени примероци.
Овие девојки не се само обични модни блогерки. WWD неодамна посочи дека токму Кјара Ферањи е всушност и најпознатата модна блогерка во светот која годишно заработува и повеќе од осум милиони долари, што е дефинитивно импресивна бројка.
Трите девојки неодамна на своите Инстаграм профили објавија „тизер“ фотографии од одличниот проект што го посочија како вистинско изненадување за нивните обожаватели.
Магазинот Lucky како еден од најпознатите во светот со оваа историска насловна страница на која се најдоа трите најпознати модни блогерки, е дефинитивно свеж старт на 2015 – тата година!