Ова се највлијателните жени во светот според Форбс
•
30 мај 2014
Според финансискиот статус, присутноста во медиумите и влијанието во општествената сфера, магазинот Форбс ја објави официјалната листа на 100 највлијателни жени во светот. Меѓу нив се наоѓаат и дами од модната сфера, како што се поранешната извршна директорка на Барбери Ангела Ахрендс на 49 место, Тори Бурч на 79 место, а Мјуча Прада на 75 место.
На првото место се наоѓа Ангела Меркел, а меѓу првите 10 највлијателни се најдоа: Џенет Јелен, Мелинда Гејтс, Хилари Клинтон, Мишел Обама и Опра Винфри.