Интервју на Пенелопе Круз за италијанскиот магазин Marie Claire каде открива детали за својата кариера, тајната на нејзината убавина и мирисите кои ја прават среќна
Прво нешто за кое реши да позборува во ова интервју шпанската актерка беше за стравот. Откри дека не сака кога нема контрола врз работите, а летањето е еден од тие процеси.
„Секогаш кога полетувам мислам над морињата кои ги надлетувам и се полни со ајкули. Во тој момент грст сеќавања и впечатоци поминуваат низ мене. Но секогаш си велам (Надежта последна умира)“, вели Круз.
Таа припаѓа на елитната класа актери кои зад себе имаат богато портфолио на одиграни улоги и кариера на која можат многумина да и завидат.
„Горда сум на сите мои улоги и филмови кои ги имам снимено. На секоја улога и пристапувам со посебна енергија, љубов и жар кој тлее во мене, а со тек на време почнува да фрла искри. Тоа е навистина единствено искуство, но и предизвик кој ме возбудува и кој сакам да го победам, да го покорам. Тоа е мојот шпански темперамент, јас сум шпанска жена, а ние сме такви по малку огнени“, кажа актерката.
Секогаш вљубена во својот Мадрид и мирисот на тортељини кој се шири насекаде низ градот.
„Тоа е исто како кога одам во Италија. Мирисот на карбонара тестенини со кашкавал и сланина е насекаде низ градот. Можам на километри да го почувствувам“, возбудено изјавува Пенелопе.
Кога сме кај мирисите актерката откри дека нејзин омилен парфем е Трезор на Ланком, во кој се вљубила уште како дете, а за нејзиниот 15-ти роденден го добила на поклон од родителите.
„Изабела Роселини беше заштитно лице на кампањите на Трезор. Ме маѓепсуваше нејзината грациозност и женственост. Сонував да ја имам таа капка волшебство во моите раце, да ја почувствувам на мојата кожа. И после толку години секогаш го користам, таа есенција на рози ме потсеќа на мојата младост, на мојата животна приказна“, вели Круз.
Последното прашање кое и беше упатено на оваа убавица се однесува на среќата.
„За мене синоним за среќа е кромидот. Смешно нели? Тортиљите кои јас ги обожавам во голем дел се направени од компири и немаат некој специфичен мирис. Кромидот е тој кој им дава карактер. На ова ме потсетува и мојот прв филм „Пршута“ во режија на Бигас Луна, филм кој укажува на фактот колку е важна храната во животот на луѓето. Секогаш се сеќавам на ова искуство како една од најважните животни лекции, како ветување за сите убави нешта кои подоцна ми ги донесе животот“, завршува Пенелопе.