Поминаа 30 години од првиот албум на Ред Хот Чили Пеперс

7 август 2014

Планетарно прочуениот и култен калифорниски музички состав „Ред Хот Чили Пеперс“ оваа недела одбележува 30 годишнина од објавувањето на првиот албум „Red Hot Cili Peppers“. Предводниците на панк-фанкот основаа бенд во 1983 година во Лос Анџелес, а до сега објавија вкупно 10 студиски албуми, од кои последниот во 2011 година насловен „I’m With You“.

 

Најголем успех постигнаа со албумот „Californication“ од 1999 година кој е продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот. На почетокот на годината членовите на бендот најавија дека заминуваат на продолжен одмор и пауза од музиката. Иако во меѓувреме настапија на полувремето на Супер Бол со Бруно Марс и на „White“ фестивалот, Пеперси изјавија дека во наредниот период нивните настапи ќе бидат намалени.

-Заминуваме во период на хибернација, а после тоа ќе снимаме нов албум, кажа басистот Фил.
 

Објавено:
7 август 2014
Категорија: 
Сцена