Познатите на летната забава на галеријата Серпентајн

27 јуни 2013

Карен Елсон, Дејзи Лоу, Лорен Скот, Порша Фриман и Џорџија Меј Џегер Карен Елсон, Дејзи Лоу, Лорен Скот, Порша Фриман и Џорџија Меј Џегер

 

Традиционалната летна забава на познатата лондонска галерија Серпентајн е еден од ретките наснати на кои на аедно место може да се соберат рок звезди, манекенки, филмски актери, модни дизјанери и членови од кралските семејства. На црвениот килим на вчерашната забава што се одржа во павилјон во Хајд Парк гостуваше и холивудската актерка Сара Џесика Паркер која се појави во светкав фустан во стилот на 20-тите години од Наим Кан. Британската принцеза Беатрис носеше елегантен фустан во кралско сина боја, додека манекенките Кејт Мос, Ева Херцигова и Наоми Кемпбел избраа црна облека. Внимание предизвика Мик Џегер кој на забавата беше опкружен со жените од неговиот живот – сегашната девојка Лорен Скот, поранешната Бјанка Џегер и ќерките Џејд и Џорџија Меј. Всушност,  дизајнерката Лорен Скот беше домаќинка на настанот и во нејзина чест некои од гостинките, на пример Дафне Гинис, Принцеза Беатрис и Ева Херцигова, облекоа нејзини креации.

 

Мик Џегер се забавуваше со ќерките и девојката Лорен Скот Мик Џегер се забавуваше со ќерките и девојката Лорен Скот

 

 

Објавено:
27 јуни 2013
Категорија: 
Сцена