Пролетен колорит помешан со ѕвездена прашина на насловните страни на модните магазини

5 март 2014

Познати лица ги актуелизираат  новите пролетни колекции на познатите модни куќи и брендови во одличните едиторијали и насловни страни за највлијателните светски модни магазини. Спој на ѕвездени мигови, мода, весел колорит и флорални мириси, како предвесници на пролетта во продолжение:

Скарлет Јохансон на насловната на Dazed Скарлет Јохансон на насловната на Dazed

Американската актерка Скарлет Јохансон се најде на насловната на пролетното издание на магазинот Dazed & Confused. Списанието реши да го скрати своето име само во Dazed и реши да ја избере сексапилната актерка како промотор на новата идеја. Едиторијалот сликан со двојна цел е со наслов „Under the skin“.

Скарлет Јохансон на насловната на Dazed Скарлет Јохансон на насловната на Dazed

Двете насловни страни фотографирани од Бенџамин Александар-Хјузби имаа за цел не само промоција на новото име на списанието туку и да ја прикажат Јохансон како вистинска бунтовничка, облечена во Сен Лоран кожена јакна, жешка црвена нијанса на кармин и залижана коса. На другиот ковер Скарлет е прикажана како девојка од соседството, со минимална шминка и лабаво пуштена коса. На двете фотографии актерката носи ѓердано со сопствените иницијали „С.Ј.“

Сара Џесика Паркер а насловната на априлското издание на британски Harper’s Bazaar. Сара Џесика Паркер а насловната на априлското издание на британски Harper’s Bazaar.

За насловната страна на своето априлско издание британски Harper’s Bazaar, реши да ја ангажира 48-годишната актерка Сара Џесика Паркер. Популарната Кери Бредшо позира пред објективот на Алекси Лубомирски, облечена во пролетната колекција на Луј Витон.

Сара Џесика Паркер а насловната на априлското издание на британски Harper’s Bazaar. Сара Џесика Паркер а насловната на априлското издание на британски Harper’s Bazaar.

Во интервјуто за магазинот актерката им се заблагодари на своите соработници и медиумите кои што од неа направија модна икона и откри ексклузивни детали за тоа како се снаоѓа во улога на дизајнер и како таа ги доживува жените.

Александра Амброзио за  бразилски Vogue Александра Амброзио за бразилски Vogue

Александра Амброзио не само што ќе се најде на насловната страна за мартовката едиција на бразилски Vogue, таа ја покани екипата од магазинот во нејзиниот дом, за да ја почувствуваат семејната атмосфера и дружењето со пријателите, на природен начин, без носење лажни насмевки и далеку од светлата на камерите и фотоапаратите. Александра е среќно мажена, има две прекрасни деца и успешна кариера. Оваа бразилска манекенка се наоѓа на листата на најдобрите модели на денешницата. Семејната идила ја улови и раскажа неверојатниот фотограф Зи Нунес.

Ниџела Лосон за априлското издание Vogue. Ниџела Лосон за априлското издание Vogue.

Ниџела Лосон е ѕвездата на априлското издание на Vogue. Во жад зелена нијанса на Бурбери тоалета, Лосон која има своја кулинарска рубрика во рамките на списанието Vogue, позира со  минимална шминка, бидејќи во своето интервју дава вистинска слика за тоа како треба да изгледа „вкусот“ на вистинската жена. Едиторијалот го фотографираше Натаниел Голдберг.

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Сцена