Светскиот моден бренд Гучи за својата пролет/лето 2015 кампања, го најми талентираното фотографско дуо Mert & Marcus да ја овековечи убавината на нивните нови парчиња.
Откако пред Нова година двајцата најголеми креативци во модната куќа си заминаа од работните позиции, тимот продолжува понатаму со полна пареа!
Главно лице на новата кампања на италијанскиот бренд е полската убавица Малгоса Бела, а дел од кампањата за машките парчиња ќе биде Матијас Лурдсен.
Колекцијата која ја креираше сега веќе поранешната дизајнерка на брендот Фрида Џанини, беше претставена на миланската модна недела во месец септември.
Дел од колекцијата беа совршени џинс парчиња, многу крзно, лелеави фустанчиња и цветни кошулки, но и многу црвена боја!
Во рекламната кампања што беше вистински подарок за обожавателите на брендот на почетокот на новата година, можеме да јa видиме полската убавица во тренди темно зелена јакничка, долго кафено палто и нежна бела комбинација украсена со крзнен елек во неколку бои.
Погледнете ги првите ексклузивни фотографии од кампањата на Гучи додека сме во исчекување на целосната презентација на истата!