Првите фотографии од третото дете на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

17 октомври 2019

Иако не беше официјално потврдено, американските медиуми пишуваа дека пред околу два месеци познатата актерска двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли му посакале добредојде на нивното трето дете.

Сега, истото беше потврдено со првата официјална фотографија што актерот ја објави на социјалната мрежа Инстаграм, на која можеме да го видиме со неговата сопруга и малото бебе во Канада.

„Ја сакам Б.К (Британска Колумбија). Сакам моите ќерки да го искусат природното окружување во кое јас пораснав. На 21 – ви октомври, кандидатот за кој ќе гласате ќе ја создаде идната политика за климатските промени. Јас сум горд на прогресот што се случува во врска со ова прашање изминатите четири години“, напиша тој под објавата на Инстаграм.

Со ова, покрај тоа што јавно ја поддржа актуелната власт, откри и уште една работа – дека најверојатно и третото дете е ќерка.

Многумина ќе коментираат дека бебенцето на фотографијата е момче поради сините алишта и капчето, но сепак, тој јавно им се обрати на „неговите ќерки“.

Инаку, двојката се венчаше во 2012 – тата година, а заедно имаа две ќерки Џејмс, четири години и Инез, две години.

Овојпат, Блејк ја обелодени бременоста дури во подоцнежните месеци и тоа на премиерата на најновиот филм на нејзиниот сопруг, „Детективот Пикачу“.

„Осекогаш сакав големо семејство. Би сакала 30 деца“, изјави актерката во една прилика за магазинот Allure.

Инфо и фото: Daily Mail, Instagram

Објавено:
17 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.095 пати