Ретро: Потсетете се на најпознатите мустаќи

19 ноември 2014

collage1

Низ нашите содржини досега имавте можност да прочитате повеќе за тоа што Мовембер, како можете да го испочитувате, како да го примените кога е облеката во прашање, а во продолжение ќе ве потсетиме на најдобрите мустаќи меѓу познатите. Независно дали е Мовембер во прашање или не, овие мажи и нивните мустаќи останаа запаметени.

Кристоф Валц

Кристоф Валц

-Иако оваа фотографија е направена специјално за месецот посветен на машкото здравје, не може да кажеме дека на Кристоф Волц мустаќите му стојат одлично.

Џејмс Франко

James-Franco1

Франко веќе долго време го негува овој изглед, а по се' изгледа и не планира да го смени. Неговите мустаќи најмногу дојдоа до израз во филмот Zeroville, кога беше ќелав.

Бред Пит

brad-1415034642

Како старее Бред Пит изгледа се' подобро. Иако сега има брада, многумина се сеќаваат и на неговата мустаќ-фаза, особено во период на филмското остварување Fury.

Супер Марио

Супер Марио

Иако се работи за лик од видео игра, мустаќите на овој водоинсталатер-херој се едни од најинтересните и највпечатливи особено кај децата.

Џони Деп

Џони Деп

Без разлика во која улога е, тој никогаш не ги изневерува своите мустаќи и брада.

Рајан Гослинг

Рајан Гослинг

Овој актер од поновата генерација често го менува својот изглед, а во последно време, поради професионалните ангажмани се' повеќе ги негува мустаќите.

Халк Хоган

Халк Хоган

Кога ќе рече некој маж со мустаќи, една од првите асоцијации е кечерот Халк Хоган. Тој со години не го менува својот стил на мустаќи, а веројатно не би ни требало, затоа што тие се едноставно неговиот заштитен знак.

Салвадор Дали

Салвадор Дали

Ниту една листа за мустаќи не поминува без Салвадор Дали. Треба ли воопшто објаснување?

Ова се само дел од нашата листа. Во продолжение погледнете ја и галеријата и кажете ни, чии мустаќи најмногу ви се допаѓаат и на кого најдобро му стојат.

Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Сцена