Роуз Брн е лицето од иднината на МаксМара

28 февруари 2014

Италијанскиот бренд МаксМара ја „круниса“ австралиската актерка Роуз Брн за нејзините извонредни актерски остварувања, опишувајќи ја како олицетворение на стилот. Роуз според МаксМара е лицето од иднината за 2014 година, што допрва ќе биде дел од големите модни проекти на брендот. Претходните добитнички на оваа ласкаво издание се: Кејти Холмс, Зое Салдана, Емили Блант, Хејли Стеинфилд и Клое Моретз.

Роуз Брн и уредникот на магазинот W Стефано Тончи Роуз Брн и уредникот на магазинот W Стефано Тончи

Брн ќе се „пофали“ со наградата на „Woman in film Crystal“ на 11-ти јуни во Калифорнија. Актерката е позната по улогите во филмовите „Bridesmaids“, „The Place Beyond“ и „Pines and Troy“. Таа исто така таа беше почестен гостин во првиот ред на ревијата на МаксМара за колекцијата есен-зима презентирана на неодамнешната Миланска модна недела.

 

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Сцена