Руни Мара останува верна на дизајнот на Живанши

15 ноември 2014

Американската глумица Руни Мара се појави на одбележувањето на 100-годишнината од амблемот на Картиер, величествената и фасцинантна La Panthère De Cartie, која се одржа во Њујорк. Талентирана Руни која се прослави со улогата на Лисбет Саландер во филмот „The girl with the dragon tattoo“, се појави во фустан во црна боја, со должина до колената, длабоко деколте и транспарентни детали, креација на модната куќа Живанши.

Готичкиот стајлинг комбиниран со романтични елементи, Руни го комплетираше со едноставен модел на отворени сандали од Стјуарт Вајцман и акцент ставен на темниот кармин во кафена нијанса. Оваа креација во комбинација со мистичниот изглед на актерката, се покажа како совршена формула за женственост, изразена на поинаков, мрачен начин.

Преземено од Elle. hr
Објавено:
15 ноември 2014
Категорија: 
Сцена