Саманта Маркл: Меган, ако нашиот татко почине, ти ќе бидеш одговорна!

18 јули 2018

Во Лондон вчера и официјално беше отворена изложбата посветена на големиот Нелсон Мандела на која присуствуваа и Принцот Хари и Војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Низ изложбата ги водеше лично внуката на големиот лидер, Замасвази Дламини Мандела која во официјалниот говор изјави дека двојката е сјаен пример за младите во светот.

Нешто подоцна, полусестрата на Меган, Саманта Маркл изреволтирана од настанот, објави неколку „твитови“ кои ја разбрануваа јавноста.

„Би било добро да му посветиш малку време и на сопствениот татко. Ова е доста. Однесувај се како хуманитарец, однесувај се како жена. Ако нашиот татко почине, ти ќе бидеш одговорна Мег“, напиша таа на нејзиниот Твитер профил.

Таа продолжи:

„Нашиот татко не треба да биде срам за тоа што ја сака сопствената ќерка. Кралското семејство е срам што сите се толку студени. Треба да се срамите“, додаде Саманта.

„Драго ми е што имаш толку време да им оддаваш чест на други, наместо на соптвениот татко. Како можеш да се погледнеш во огледало? Мислам дека сум во право“, напиша таа во следниот „твит“.

Неодамна, нивниот татко Томас Маркл во интервјуто за The Sun, изјави дека нема да престане да говори во медиумите додека неговата ќерка повторно не го прими во нејзиниот живот.

„Молчев цела година, па медиумите ме критикуваа што се кријам во Мексико. Затоа, решив да ја раскажам мојата приказна“, рече тој во интервјуто.

Тој вели дека веќе два месеци не зборувал со неговата ќерка и дека е многу загрижен за неа.

„Го гледам тоа во нејзините очи, на нејзиното лице, во насмевката. Ја знам нејзината насмевка, сум ја гледал со години. Не ми се допаѓа онаа која ја гледам сега. Тоа е наместена насмевка. Таа плати голема цена што влезе во тоа семејство“, вели таткото на Меган во интервјуто. 

Објавено:
18 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.415 пати