Се појавија фотографии од запросувањето на Џенифер Лопез

13 март 2019

И неколку дена по објавувањето на веста дека Алекс Родригез ја побара Џенифер Лопез за сопруга, реакциите не стивнуваат, а сега се појавија и првите фотографии од романтичниот чин.

Двојката имала романтична прошетка по плажа, за таа во еден момент да се претвори во нешто повеќе. Облечена во романтична, бела комбинација, Џенифер Лопез се изненади од гестот на Родригез, со што оваа љубовна приказна доби нов тек.

Во медиумите првин се појави фотографија од дијамантскиот прстен, за потоа пејачката на својот Инстаграм профил да сподели и други.

И Алекс Родригез се обрати преку социјалните мрежи:

„Нема многу зборови да споделам со вас, само емоции. Благодарност. Возбуда. И само... радост. Знаеме дека ни претстои работа за да продолжиме да градиме семејство и иднина на кои ќе бидеме горди, а тоа не го можеме без сите вас. Многу сме благодарни за сите ваши пораки полни со љубов и честитки“, вели спортистот.

Објавено:
13 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.911 пати