Познатиот модел Кендис Свонпул се сврши со нејзиното долгогодишно момче Херман Николи.

Двојката е во врска повеќе од 10 години и конечно одлучија да ја однесат на следното ниво.

Херман, кој исто така е модел и Кендис се запознале во Париз, кога моделката имала 17, а тој 26 години. Како претпоставуваат странските медиуми, Николи ја побарал Свонпул за жена во текот на оваа недела. Кендис неодамна се појави во Њујорк, но без свршенички прстен, што наведува на тоа дека посебниот момент се случил пред неколку дена.

Инаку моделката која потекнува од Јужна Африка и нејзиното момче со бразилско потекло се познати како вљубена двојка, која приватноста ја држи далеку од очите на јавноста. Имено, Кендис сè уште не ја споделила јавно веста за свршувачката. И покрај напорните распореди и патувањата поради работата, тие успеале сето ова време да ја одржат романсата.

-Раздвоеноста всушност нè одржува. Серизоно, многу е важно кога патувате и кога не сте знаедно, да си недостасувате. Во почетокот тоа навистина беше врска на далечина, но тоа може да биде и добра работа, бидејќи чувството да посакуваш некого долго и на крајот да го видиш е многу убаво – изјави во една пригода Ангелот на Викторија.

Во интервју за EOnline пак, вели дека нема потреба постојано да е со нејзиното момче, па дури и кога се работи за Денот на вљубените.

-Не морате тој ден да го поминете со саканиот. Можете да излезете со другарките и да се забавувате. Тоа не значи дека не ви значи и не го сакате – вели Кендис, која во текот на 10-годишната врска успеала да го научи и мајчиниот јазик на Николи, португалскиот.

И покрај тоа што двојката сè уште официјално не ги соопштила убавите вести, тоа не ги спречи обожавателите на Кендис да ѝ честитаат и да ѝ посакаат среќа.

Објавено:
15 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.181 пати