Селма Хаек: Кога ќе потрошиш 4 милиони долари, а пак си најлошо облечен

5 март 2018

Оскар ефектот сè уште трае, а во морето текстови и листи за тоа како кој изгледал на најгламурозната филмска вечер, Селма Хаек најчесто е на листите за најлошо облечени.

За потсетување, таа носеше креација од „Гучи“ специјално создадена за неа за пригодата. Се работи за креација која во горниот дел е на преклоп, а здолништето е со карнери.

Кројот е добар за нејзината конституција, но не и изборот на ткаенина и боја. Фустанот е изработен од ткаенина целата послана со светки, во виолетова нијанса.

Горниот дел е збогатен со т.н. синџири, но дијамантски, што прават вредноста на креацијата да биде преку 4.2 милиони долари.

Севкупниот изглед е комплетиран со сребрена клач чанта, сребрени сандали и исто така дијамантски обетки. 

Ова не е првпат Селма да носи виолетова креација. На Канскиот филмски фестивал ја видовме во едноставна креација во А-форма во интензивно виолетова боја и изгледаше неверојатно добро. Овој пат, многу работи се случуваа одеднаш, па изборот на актерката беше оценет како кич.

Инаку, Хаек или знае да погоди одлично или да отиде во другата крајност. Со оглед на тоа дека е мажена за Франсоа Анри Пино, сопственикот на групацијата „Керинг“ во која спаѓаат „Гучи“, „Сен Лоран“, „Александар Меквин“, „Баленсијага“, нејзе ѝ е достапно буквално сè, но можноста да се има што ќе се посака понекогаш знае да има и контра ефект.

Таа е една од оние актерки кои или знаат одлично да одберат, или тоа да биде катастрофа. На овие Оскари не се покажа во добро светло, па дури ни на забавата после манифестацијата.

Нејзиниот изглед е доказ дека некогаш без разлика колку вредни работи носите на себе, не значи дека изгледате совршено.

Објавено:
5 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.337 пати