Северина претпочита гламур на патерици

22 март 2014

Една од најпопуларни хрватски поп пејачки, Северина на завчерашното доделување на статуетката ружа од  медиумот „Вечерни лист“  за најдобрите од хрватската јавна сцена, се појави на патерици во бела луксузна креација на новосадскиот бренд  Михајло Мамоса и дизајнерот Михајло Анушиќ.  Пејачката е позната по тоа што сака да ги поддржува младите перспективни дизајнери, а од нив да ги избере најдобрите креации. Од категориите за награда , Северина се најде во трка со Џибони, 2 Челос, Елементал и Масимо Савиќ, а наградата ја понесе енергичното дуо 2 Челос , како најдобар изведувач на годината.

Инаку, откако направи операција на лигаментите и раскавицата на ногата, пејачката мора да носи патерици се до нејзиното целосно опоравување, а тоа дека е вистинска дама и кога има препреки за тоа, доказ беше токму овој нејзин изглед на патерици. Секако, Северина не е првата што се појавила во вакво свело со модерни помагала, а  пример можеби и била пејачката Џеси Џеј, која кога имаше повреда на нога се појавуваше на јавни настани токму со украсени  модерни патерици.

Објавено:
22 март 2014
Категорија: 
Сцена