Шакира и Џеј Ло го најавија настапот на „Супер боул“: Ќе биде моќно!

31 јануари 2020

Во Мајами в недела ќе се одржи најочекуваниот спортски настан во Америка, „Супер боул“. Љубителите на американскиот фудбал со нетрпение очекуваат да го гледаат финалето помеѓу екипите на „Сан Франциско“ и „Канзас Сити“. Со оглед на податокот дека „Сан Франциско“ последен пат триумфира на „Супер боул“ во 1995 година, додека навивачите на „Канзас сити“ чекаа 50 години за нивиот тим да игра во големото финале, интересот за натпреварот е огромен, па влезниците достигнуваат астрономски цени. 

Така на пример, најевтините карти се со цена од 4.055 долари, додека билетите за централните трибини, посебно на седиштата зад екипите засега се движат помеѓу 13.440 и 16.800 долари. На „црно пак“  почна да се лицитира со суми од неверојатни 24 000 долари. И покрај високите цени, влезниците се речиси пред распродавање.

Но, покрај спортот, веруваме дека има и такви што сакаат да се дел од настанот и поради 15-минутниот музички спектакл на полувремето, за кој оваа година ќе се погрижат двете латино диви, Шакира и Џенифер Лопез.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onJan 30, 2020 at 8:25pm PST

 Вчера одржаа конференција за медиуми, на која најавија незаборавно шоу.

„Ќе биде моќно, но и емотивно. Во недела ќе се потсетиме и на Коби, ќе го славиме животот и различноста во оваа земја“, изјави Лопез, а Шакира се надоврза: „Сигурна сум дека ќе беше многу горд на пораката која ќе се потрудиме да ја пратиме од сцената тој ден“.

Тие објаснија дека и покрај тоа што двете ги распознаваат како латино диви, тие сепак имаат мошне различен музички израз.

„Кога првпат почнавме да дискутираме за шоуто, Шакира велеше: „Ова беше супер, ова е различно од она што го правиме“, бидејќи имаме индивидуални стилови. Во шоуто истовремено ќе го препознаете јасно и стилот на Шакира и стилот на Џенифер“, објасни Лопез.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJan 23, 2020 at 1:00pm PST

 Ова ќе биде првпат овие две ѕвезди да ја делат сцената заедно и да имаат заеднички настап. Воедно, во 54-тите години колку што се одржува овој спортски настан, туку се и првите латино жени кои го предводеле шоуто. Со оглед на тоа дека годинашново финале се одржува во Мајами, каде најголем процент од населението се со корени од Латинска Америка, изборот е сосема логичен, иако не секогаш ѕвездите се бираат според градот каде што настапуваат.

Инаку, Мајами е роден град на многу познати ѕвезди  меѓу кои и Енрике Иглесијас, Рики Мартин, Џејсон Деруло, Камила Кабељо, Глорија Естефан, Диџеј Калид... Но, сепак изборот беа овие две популарни ѕвезди.

„Две латино жени во оваа земја во исто време за нас е нешто многу моќно, силно. Тоа што настапуваме во Мајами е навистина посебно, затоа што ова е град полн со енергија. Воедно е важно гнездо за латино заедницата и за мене е многу вреден град, бидејќи голем дел од мојата кариера се одвиваше токму тука“, изјави Шакира.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJan 30, 2020 at 1:41pm PST

„Интересно е што жени ги предводат двата тима во финале, две жени ќе настапат во полуфиналето... За нас тоа е мошне значајно, но уште повеќе за сите мали девојчиња како ќерка ми, кои ќе го гледаат тоа, а притоа се со корени како нашите“, додаде Лопез.

Едната од Бронкс, а другата од Колумбија, предизвикаа различни реакции кога првично се појави информацијата дека тие  ќе бидат ѕвезздите на музичкото шоу, поради нивната различност. 

„Да се настапи на „Супер боул“ е како да си добил „Оскар“, ова е најголемото шоу, ја има најбројната публика“, потенцира Џенифер.

Инаку, во последните пет години, шансата да го имаат настапот на кариерата, ја имаа Кејти Пери (2015) заедно со Лени Кравиц и Миси Елиот, „Coldpay“ (2016) заедно со Бруно Марс и Марк Ронсон, Лејди Гага (2017)  Џастин Тимберлејк (2018), „Maroon 5“ (2019). 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onJan 30, 2020 at 12:52pm PST

Шоуто на Лејди Гага, како и она на Бијонсе од 2013 година се едни за кои се зборува и денес и кои се сметаат за најмоќни во последните 10 години.

Дали Џеј Ло и Шакира ќе успеат да го надминат тоа, останува да видиме викендов!

 

Објавено:
31 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
782 пати