Шеј Мичел од „Убави, мали лажги“ роди девојче!

21 октомври 2019

Популарната актерка Шеј Мичел која се прослави со улогата во познатата серија „Убави, мали лажги“ роди девојче, а среќната вест ја објави со фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

 

Под фотографијата на која се гледа како Шеј го држи малото раче на бебенцето, таа напиша: „Никогаш нема да те пуштам“.

Фото: Instagram

Таа ја објави веста за нејзината бременост на интересен начин, односно со топлес фотосесија под која напиша: „Дали ова значи дека отсега ќе можам да возам на лентата за запирање?“

Шеј и нејзиниот партнер Мет Бабел во јули годинава го објавија и полот на бебето, а иако и двајцата очекуваа дека ќе имаат момче, суперхероите облечени во розово го докажаа спротивното.

Инаку, во јануари минатата година актерката на емотивен начин на социјалните мрежи објави дека имала спонтан абортус, па очекувано, ова е голема радост за неа.

Шеј е успешна актерка и бизнисменка, а токму нејзиниот бренд за чанти беше прогласен како еден од најуспешните нови бизниси за минатата година од Форбс.

Засега, нема информации за името на ќеркичката на Шеј и Мет.

Инфо: Daily Mail, USA Today

Објавено:
21 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
384 пати