Шенон Доерти: Морав да ги завршам снимањата за „Беверли Хилс“, му должев на Лук Пери

5 февруари 2020

Актерката Шенон Доерти која публиката ја запозна и ја засака благодарение на улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“ со години се бореше со ракот на дојката.

Иако во 2017 се збогуваше со хемотерапијата и мислеше дека завршила со оваа подмолна болест, сепак дијагнозата од 2015 година се враќа, а актерката одлучи тоа јавно да го каже во емисијата „Добро утро Америка“:

„Прашање на време е кога ќе се дознаеше јавно, па затоа одлучив да слушнете од мене. Ракот на дојката ми се врати и е во четврта фаза“.  

 Таа за дијагнозата знаела уште за време на снимањето на новите епизоди на „Беверли Хилс“, но криела од колегите. Снимањата започнаа пак, неколку месеци по смртта на Лук Пери.

„Беше чудно што мене ми дијагностицираа рак, а потоа некој што изгледаше сосема здрав си замина прв. Тоа беше навистина шокантно за мене. Најмлаку што можев да направам за него, беше да го снимам шоуто. Му го должев тоа, го направив во негова чест“, открива Доерти.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) onJul 21, 2019 at 12:29pm PDT

 Таа додава дека една од причините што не сакала никому да каже е за да покаже и докаже дека може да работи. Единствено се одлучила да му каже на колегата Брајан Остин Грин, кој во серијата го толкува ликот на Дејвид Силвер. Токму тој ќе ѝ помогне да истрае до крај.

„Имав моменти на страшна анксиозност кога мислев дека не можам повеќе да го правам тоа. Брајан беше единствената личност од таа група што знаеше низ што поминувам. Му реков: „Еве со што се соочувам јас“. Пред снимањата секогаш ќе ми се јавеше и ќе ми речеше: „Слушај, што и да се случи, ти го чувам грбот“. Знаеше да ме погледне и да ми каже: „Го можеме ние ова!“... Брајан ми помогна многу“, раскажа актерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) onJul 6, 2019 at 1:59pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) onJul 29, 2019 at 12:06pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

When you show up for work with the same style.... miss these two @arent_you_that_guy @ianziering

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) onSep 17, 2019 at 1:59pm PDT

Доерти не криеше дека смета дека сè уште не ја „процесирала“ веста, која има вкус на горчлива таблета, кој се шири...

„Имам денови кога се прашувам „Зошто јас?“, а потоа си велам: „Па, зошто да не сум јас? Кој друг? Кој друг освен мене го заслужува ова?“. Никој од нас. Сепак, ќе речам дека мојата прва реакција сепак се однесуваше на тоа како ќе им кажам на мојата мајка и сопруг. 

Иако признава дека е исплашена, сепак не се откажува:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) onSep 23, 2019 at 2:00pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) onFeb 4, 2020 at 7:29am PST

„Животот не завршува со дијагнозата. Во нас сè уште има живот,“, порача актерката, која сите свои искуства со болеста претходно ги споделуваше преку социјалните мрежи, со цел да им помогне на оние што поминуваат низ истото, да им порача дека не се сами, а и за да почувствува поддршка која и на самата неа ѝ била потребна.

Инаку, актерката ја соопшти оваа вест вчера, на 04.02, светскиот ден на борба против ракот.

Објавено:
5 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.176 пати