Црвениот килим изминатата година беше нешто што дефинитивно ќе се запомни засекогаш (пред сѐ, мислиме на Лупита Нјонго, се разбира).
Без разлика дали говориме за нови ѕвезди или веќе докажани како Кејт Бланшет или Џулија Робертс, црвените килими на манифестациите отсекогаш не фасцинирале.
Во пресрет на долгоочекуваните Оскари што ќе се одржат во недела, на 2 – ри март, сите се во исчекување што ѕвездите ќе облечат за доделувањето на наградите.
Според тоа, многумина веќе почнаа да шпекулираат, според досега виденото, чија креација ќе облечат овогодинешните миленички како Лупита Нјонго, Ејми Адамс, Џенифер Лоренс и Ен Хатавеј.
Во продолжение погледнете ги најубавите тоалети што можевме да ги видиме на модните писти изминатите неколку месеци и која актерка би можела достојно да ја износи на црвениот килим.
Во исчекување на Оскарите...