Што ја инспирира Викторија Бекам?

18 ноември 2014

Една од најомилените стилски икони на денешницата и една од најпознатите модни дизајнерки Викторија Бекам, во интервју за „The Telegraph“ открила чиј стил за неа претставува вистинска инспирација. Иако многумина очекуваа тоа да биде индивидуа која е дел од модната сцена, сепак дизајнерката призна дека е воодушевена од стилот на Роуз Јуниек, позната дизајнерка за ентериер.

„Кога бев да ја посетам Роуз  во нејзиниот дом, таа ме дочека облечена во широки панталони, без шминка  и беше босонога. Додека ми ја покажуваше импресивната куќа, јас во себе помислував колку би сакал да бидам како неа“ – признала Бекам.

Покрај тоа што Викторија ја ангажирала Роуз да го уреди ентериерот на нејзиниот дом, од самото запознавање до денес, тие се и блиски пријателки.

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Сцена