Смело издание со нагласени облини на Ешли Греам

26 јануари 2018

Годинашните „Греми“ награди се закажани за недела, 28-ми јануари. После 15 години, повторно ќе се одржат во Њујорк.

Но, пред големото случување, дел од ѕвездите вчера се собраа на коктел-забавата организирана од „Warner music“.

Вниманието на медиумите најмногу го привлече моделот Ешли Греам и тоа поради изборот на облека. Таа се појави во тесен сребрен фустан со миди должина, кој ги истакна сите нејзини облини. Го искомбинира со сребрени чевли и обетки во форма на круг.

Но, освен Ешли, на забавата присуствуваа и Сијара, Кели Кларксон, Рита Ора, Бебе Реџа, Вини Харлоу и други.

А во продолжение погледнете како изгледаа и тие:

Објавено:
26 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.307 пати