Со емотивни пораки колегите ѝ го честитаа 70. роденден на Мерил Стрип

24 јуни 2019

Дека таа е една од омилените актерки кои било кога се појавиле во филмската индустрија, докажаа пораките што колегите ѝ ги упатија на единствената Мерил Стрип по повод нејзиниот 70. роденден.

Во моментов таа е актуелна со втората сезона на серијата Big Little Lies во која го толкува ликот на Мери Луис, мајка на убиениот Пери, која доаѓа во Монтереј да бара одговори за смртта на нејзиниот син.

Според многумина, таа совршено го доловува ликот на мајка во жалост, мајка која бара одговори и ќе направи сè за да стигне до истите. Токму поради тоа, таа е на врвот на листата актери кои годинава би можеле да ја добијат Еми наградата, а речиси никој и не се сомнева во нејзините способности.

Дека во моментов е омилен лик од серијата докажаа и пораките од нејзините колешки кои на социјалните мрежи споделија емотивни пораки за тоа каква чест имаат што работат со неа.

„Среќен роденден Мерил. Ти испраќам многу љубов за роденденот. Огромна привилегија е да се работи со тебе на Big Little Lies“, напиша актерката Рис Витерспун на Инстаграм.

Актерката Лора Дерн која исто така е дел од актерската екипа на познатата серија, на соицијалните мрежи напиша дека роденденот на Мерил треба да е прогласен за национален празник, ден на музата...

Речиси сите пораки од нејзините колешки беа насочени кон гордоста да се работи со актерка која е прогласена за кралица на Холивуд, и колку се среќни што честа им припаднала токму на нив.

Роденденот на актерката го прославија и водителката Елен Деџенерис која на Твитер на шега напиша: Среќен роденден Мерил! Многу ми е драго што си ми пријателка и што не си ми свекрва, мислејќи на нејзиниот лик во Big Little Lies.

Инфо: People.com

Фото: Instagram, People.com, Metro.co.uk

Објавено:
24 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
706 пати