Софија Копола го режираше видеото за новиот парфем на Марк Џејкобс

6 декември 2013

 

Пријателскиот однос меѓу креативците најчесто резултира со плодно творештво, па така како резултат на долгогодишното пријателство меѓу Марк Џејкобс и Софија Копола е снименото видео  посветено на новиот парфем на Марк Џејкобс, со наслов Daisy.

 

 

Видеото презентира краток филм каде русокоса девојка трча во бел фустан низ високите треви држејќи во рака цветови маргаритки, кои преведени на англиски јазик се Daisy. Иако, видеото трае само 21 секунда познавачите на делата и работата на Софија Копола веднаш ќе го препознаат нејзиниот потпис кој го открива сонливото чувство, карактеристика која го одбележа и нејзиниот дебитантски филм „Virgin Suicides“.

 

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Сцена