Стилот на Ана Пакуин

4 септември 2013

На само 11 години таа беше малото девојче што доби Оскар за најдобра актерка, Ана Пакуин и по три  децении плени со својот уникатен стил, како и по улогите што ги добива во најголемите филмски хитови.  Како одминуваа години од тин атракција, Ана се трансформираше во секси заводничка препознатлива по разделените предни заби. Еволуцијата во нејзиниот изглед е и повеќе од очигледна, па дури на некои фотографии од времето наназад ќе се запрашате дали е таа или не.

Ана ги обожава фустаните со должина до колена кои имаат секси крој и црна боја. Промената на бојата на косата е исто така една од нејзините стилски карактеристики, а досега беше и црнокоса и русокоса. Откако стана мајка на близнаците Чарли и Пупи, Ана ја врати својата витка линија и понатаму продолжи да го истакнува убавото што го поседува. Кога станува збор за тоа како таа изгледа кога не е ангажирана да присуствува на свечени манифестации, нејзиниот стил може да се опише како лежерен и тренди. Ги сака мото јакните и секако црната боја која е повторно  задолжителна за нејзините секојдневни парчиња гардероба.

Објавено:
4 септември 2013
Категорија: 
Сцена