Стилот на девојките и (екс)сопругите на фудбалерите

30 мај 2013

Черил Кол – поранешната сопруга на Ешли Кол е дама со музичка кариера и планетарна популарност.  На почетокот на кариерата беше членка на женската група „Girls aloud”, а денес гради соло кариера. Таа ги прати најновите модни трендови и секогаш изгледа како излезена од излог.

Колин Руни – сопругата на Вејн Руни работела како тв презентер и новинар, а не ја крие својата љубов кон модните трендови.

Алекс Каран Џерард – сопругата на Стивен Џерард е автор на модни колумни и е позната по својот стил, па токму поради тоа ја носи титулата на модна икона.

Аби Кленси – сопругата на Питер Кроуч е познат модел за долна облека, но и покрај разните критики поврзани со нејзиниот стил, таа остана непоколеблива и доследна на својот инстикт.

Хелена Зегер – невенчаната сопруга на Златан Ибрахимовиќ за разлика од останатите девојки и сопруги на фудбалерите е сериозна бизнис жена која е скоро десетина години постара од Златан, а својот стил го гради самосстојно, без влијание на совети или критики од познати дизајнери.

Ирина Шајк – светски познатата манекенка е девојка на Кристијано Роналдо. По потекло е од Русија и секогаш прилекува внимание поради својот уникатен стил.

Сара Карбонеро – најпопуларната спортска новинарска е верена за Икер Касиљас. Позната е по својот истенчен вкус, па токму поради тоа, барем досега нема направено ниту една грешка во креирањето на сопствениот стил.

Викторија Бекам – најпознатата трендстерка во оваа група, која е сопруга на исто така планетарно познатиот Дејвид Бекам. Неприкосновената модна икона кариерата ја започна како членка на „Spice Girls”, а денес е позната модна креаторка.

Објавено:
30 мај 2013
Категорија: 
Сцена