Со самото тоа што бројот на Инстаграм корисници се зголемува сѐ повеќе, сосема нормално е и сѐ поголемото влијание на бројните модни блогери кои постојано носат некои нови трендови.

Покрај бројните блогерки кои постојано објавуваат стилски дневни комбинации, вистински тренд се профилите на социјалната мрежа на стилските двојки кои достигнуваат сѐ поголем број следбеници, пишува journal.hr.

Токму таков профил е оној на Роберт и Кристина Мартинез кои објавуваат фотографии под заедничкото име @newdarlings.

Нивните уникатни објави им овозможија за многу кратко време да добијат голем број следбеници на социјалната мрежа, но и бројни договори со модни и гастро брендови.

Токму таквите објави на кои речиси секогаш сѐ мора да изгледа навистина природно, им носат многу финансиски средства на блогерите, па таков е случајот и со Роберт и Кристина.

Тие се неверојатно стилски млад брачен пар од Аризона кои на единствен начин секојдневно ги одбележуваат нивните нови авантури, комбинации, храна, патувања и што уште не.

Она што е особено слатко кај нив е тоа што тие се секогаш модно усогласени, па поради тоа се и супер за инспирација, а и водат супер живот на кој многумина им завидуваат.

Погледнете!

Објавено:
21 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.464 пати