Стилските трансформации на славните пред и за време на должност

11 септември 2014

Во светот на славните ништо не останува на случајност. Нивниот ден поминува во сосема поинаква димензија отколку на останатите, а покрај набиените дневни распореди и лавина папараци што ги сладат во секој чекор, нормално е да посветуваат внимание на секој еден детаљ. Изгледот секогаш е во границите на приоритетните обврски кога излегуваат во јавност, бидејќи и повеќе од јасно е дека секое  јавно појавување ќе се најде на социјалните мрежи и медиумите. Но, тоа е цената на славата што треба да се плати. Во тој контекст од продолжение селектиравме неколку познати дами на чиј стил секојдневно се восхитуваме. Ријана, Сиена Милер, Алекса Чанг, Ема Вотсон, Ема Стоун, Ема Вотсон, Бијонсе, Роузи Ханингтон Вајтли, Кејт Мос, се само неколкуте чии изгледи ги компарираме кога се на должност и надвор од неа. Дека имаат јасно изграден стил е добро познато, но сепак тој надвор од обврските тежнее кон опуштените и кежуал комбинации што успешно  го следат препознатливиот имиџ без многу отскокнувања. Како ви се допаѓаат повеќе?

 

Алекса Чанг Алекса Чанг

Бијонсе Бијонсе

Ема Стоун Ема Стоун

Ема Вотсон Ема Вотсон

Ева Мендез Ева Мендез

Сиена Милер Сиена Милер

Роузи Ханинготн Вајтли Роузи Ханинготн Вајтли

Ријана Ријана

Кејт Мос Кејт Мос

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Сцена