Светската музичка елита со енергични настапи на Global Citizen фестивалот

29 септември 2014

Позитивна и расположена маса од повеќе од 60.000 луѓе во саботата вечерта го „опседнаа“ Централ Паркот во Њујорк каде се случуваше Global Citizen фестивалот што традиционално ја прославува светската обединетост и ја зацврствува волјата на луѓето за заедничко решавање на најсериозните проблеми во светот.

Дел од истиот беа голем број светски познати изведувачи меѓу кои и диџеј Тиесто, Гвен Стефани и No Doubt, Алиша Кис, Кери Андервуд, The Roots, како и Џеј Зи на кого на сцената му се придружи неговата сопруга Бијонсе која ги изненади сите обожаватели.

На главната сцена на фестивалот соодветен и неверојатно освестувачки говор имаше Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки – Мун, кој на младите им посочи дека тој сѐ уште длабоко верува во огромната моќ е енергија што ја поседуваат луѓето за решавање на некои од најсериозните проблеми на денешницата што се од огромно значење за планетата Земја.

Одличен настап на годинешниот Global Citizen фестивал имаше и прекрасната Алиша Кис која блесна во целосно бела комбинација во која изгледаше уште поубаво во поодминатите месеци од бременоста.

Тотално енергичен настап на сцената имаше и бремената Кери Андервуд на која очигледно ништо не и пречеше за да ги задоволи очелувањата на нејзините обожаватели кои се собраа во огромен број.

Дефинитивно еден од највпечатливите настапи на фестивалот имаше Џеј Зи кој ги изненади неговите обожаватели кога на сцената ја повика неговата сопруга Бијонсе, која иако имаше мали проблеми со облеката, направи вистинско музичко доживување за паметење за собраната маса од млади луѓе.

Во продолжение, погледнете дел од фотографиите од одличната атмосфера на фестивалот и музичките настапи.

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Сцена