Ума Турман и U2 нaјдобри на Бамби наградите

17 ноември 2014

Германската метропола, Берлин, изминатава недела,  беше домаќин на уште едно издание на „Bambi Awards“(Бамби наградите) - церемонија која традиционално се одржува во овој град уште од 1948 година. Статуетката која им се доделува на наградените во различни категории за постигнување на значаен успех во работата на меѓународно ниво е во форма на срна, со златен сјај и секоја година ја изработува куќата за накит Шопард.

Ума Турман Ума Турман

Бамби наградите важат за едни од најпрестижните од областа на кинематографијата. Прв пат официјално се одржани во 1948 година, а статуетката во облик на срна е симбол на надеж за подобра и посветла иднина. Имено, првиот добитник на оваа награда е актерката Марика Рок. По 66 години од презентацијата на првата манифестација од ваков тип и доделувањето на првата награда, изминатиов викенд театарот Постдамер Плац, повторно беше исполнет со голем број гости, познати личности од светот на филмот, модата, музиката и шоубизнисот.

Ума Турман Ума Турман

Оваа година бронзената статуетка прелиена со 18 – каратно злато, дело на куќата за накит Шопард и припадна на Ума Турман за најдобра меѓународна актерка, додека култниот бенд U2 ја доби наградата во категоријата „Најдобар меѓународен музички состав“.

U2 U2

Турман на ѕвездената манифестација се појави во црн миди фустан без прерамки кој совршено ја нагласи нејзината силуета која е во форма на песочен часовник. Креацијата е дело на модната куќа Версаче. Овој неверојатно едноставен, а сепак гламурозен фустан, русокосата актерка го комбинираше со минималистички накит. Таа носеше впечатлива алка со златен сјај и тенок ѓердан околу вратот. Шминката и фризурата беа во согласност со целата визија, која Турман ја заокружи со црни кадифени сандали на висока потпетица.

Тони Гарн Тони Гарн

Гламурозниот настан не ги пропушти ниту германскиот модел Тони Гарн, која на црвениот килим пристигна во бела тоалета со впечатливо деколте и шлиц во предниот дел. За да се наглассат идеалните пропорции на моделот креацијата на половината е стегната со ремен кој е скроен на самиот фустан. За да ја разбие монотонијата на белата боја, Гарн на усните имаше нанесено црн кармин, кој соодветствуваше со ноктите на рацете кој исто така без излакирани во црн тон. 22-годишната манекенка изгледот го зачини со блескави обетки и прстен,  потпишани од Шопард, мала клач-чанта, фризура во форма на балеринска пунџа врзана доле на вратот и светкави салонки во сребрен сјај.

Принцезата Мери и Принцот Фредерик од Данска Принцезата Мери и Принцот Фредерик од Данска

Меѓу присутните беа и принцот Фредерик и принцезата Мери од Данска. Принцезата Мери со лелеавата тоалета на едно рамо, декорирана со светкави кристали, едноставно ги засени сите на приемот на црвениот килим. Креацијата е во кралска сина боја како што и доликува на еден член на кралското семејство од Данска. На половината фустанот е стегнат со мат син ремен, а во задниот дел шармантно се влече во согласност со грациозниот чекор на принцезата. Како завршница на онака гламурозниот изглед принцезата се одлучи за плик-чанта во сина нијанса, впечатливи обетки и блескава алка. Едноставната шминка и собраната коса во мала пунџа на крајот од вратот уште повеќе и ја нагласија исклучителниот изглед на креацијата.

Во продолжение погледнете ја галеријата и видете како познатите се забавуваа:

преземено од www.dailymail.co.uk
Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Сцена