Уредниците на магазинот ELLE го презентираа својот избор на есенски парчиња

7 октомври 2014

Есента се издвојува од годишните сезони, бидејќи претставува совршено време за реинвенција. Свежо будење на сетилата како резултат на студеникавиот воздух особено наутро. Есента не е само златното доба кога лисјата паѓаат, туку период кога сите се враќаме дома, на училиште, на факултет, на работа. Идеално време кога можеме да си поставиме нови цели и замисли кои ќе ги завршиме до крајот на годината или до следното лето. Меѓутоа гледано од модна перспектива, есента е можеби и најкреативниот период за создавање на нови модни инвенции во поглед на комбинациите, но и во однос на боите. Слоевитото облекување е во фокусот, палтата, јакните и џемперите никако не смеат да недостасуваат, земјените нијанси прелиени со златен тон се секогаш модерни, уличниот стил е толку колоритен и богат во однос на принтови и кроеви што градот наликува на огромна ливада каде секој има можност да ја покаже својата модна фантазија. Списанието ELLE, инспирирано токму од есенската палета на модни комбинации, реши да понуди неколку модни визии кои нивните уредници и модни советници ги носат секојдневно на работа.

Рути Фридландер – заменик уредник

Заменик – уредничката во списанието, Рути Фридландер инспирацијата за својот стил ја црпи од австриската актерка Роми Шнајдер, бидејќи смета дека нејзиниот изглед е крајно, шик, елегантен, класичен и безвременски. Нејзиниот моден мозаик го сочинуваат црн коктел фустан со изразено деколте на долги ракави во А – линија, леопардова кратка бунда, капут во сина нијанса за врнежливи денови, црна украсна шнола панделка за во коса, рамни балетанки со принт од риги и коктел фустан во кафен тон чиј горен дел е пресечен и целосно изработен од кожа, а долниот дел е во глок форма изработена од ткаенина.

Натали Метјуз – веб уредник

Натали Метјуз која работи како веб уредник во списанието е голема вљубеничка во стилот на актерите Еди Редмајн и Кејт Босфорт. За Редмајн вели дека знае оти тој е машко ама таа навистина го обожава андрогениот стил особено во овој период од годината. Додека кај Кејт и се допаѓа инвентивноста на спојување различни модни парчиња и различни стилови, а сепак тоа да изгледа навистина убаво и привлечно. Таа за оваа сезона вели дека ќе биде задолжително во вашиот плакар да се наоѓа кошула во војнички стил, кафеав долг капут со строга и класична линија, црни тесни панталони, рамни кафени чизми до глужд, црна лакована чанта во квадратна форма, популарните „boyfriend“ фармерки и пар очила во полициски стил.

Викторија Хоф - уредник асистент

За разлика од нејзините колешки кои беа фасцинирани од стилот на актерите и актерките, Викторија Хоф која работи како уредник асистент во списанието се инспирира од музиката. Таа својата креативна фантазија ја црпи од боемскиот и андроген стил на американската пејачка и текстописец Пети Смит, но и од канадската музичарка, текстописец и ликовен уметник Џони Мичел која негува лежерен и удобен моден израз. Затоа модниот избор на Хоф вклучува кафен долг капут, изработен од мек материјал, сако со цветен дезен, сиво здолниште во глок форма, фалтирано од двете страни на колковите, рамни кафени оксфордки чевли и плетена капа во три нијанси црна, сива и бела.

Сали Холмс - уредник на вести

ELLE_FallStyleInspo_Sally-xln

Уредничката на вестите, Сали Холмс, креативност црпи од стилот на Лу Дилон, која е француска манекенка, пејачка и актерка. Според, Холмс, Дилон е пример вистинска стилска кодна икона. Исто така, нејзина голема инспирација претставува стилот на актерката Али Мекгро, која ја игра улогата на Џенифер Кавалери во филмот од 1970-та „Љубовна приказна“ на Артур Хилер. Холмс вели дека е голем обожавател на спортската елеганција и предимензионираните модели парчиња кои се моден предуслов особено за оваа сезона.

Нејзината модна рамка содржи црн кожен припиен миди фустан со впечатлив стил во предниот дел, бела широка ролка, класични сиви панталони, црни салонки, рамни лаковани сандали со ремчиња и мала клач-чанта во црна боја декорирана со златни реси.

Даниел Прескод  - моден уредник

Модниот уредник на списанието, Даниел Прескод, особено е фасциниран од стилот на Ким Кардашијан која според него е жена чија фигура има идеални женски пропорции и буквално и се восхитува на храброста и смелоста да носи различни стилови и тие да ги приспособува на нејзината силуета. Од машката популација според него епитеттот модна икона го заслужува младиот член на групата One Direction, Хари Стајлс кој покрај тоа што пее тој пишува и музчки текстови, а неодамна се проба и како актер. Според Прескод, Стајлс секогаш изгледа одлично, тренди, урбано и модерно што е огромен плус за некој кој е толку млад, а ролку успешен во градењето на модните комбинации.

Модниот оквир на Даниел Прескод, вклучува два модели на практични џемпери во бела и тиркизна варијанта, тесни молив фармерки, рамни црни чизми до глужд, високи чизми во пастелно розова нијанса на високи потпетици, бело молив здолниште, кафен капут и поштарска кафена чанта со синџир рачка.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
7 октомври 2014
Категорија: 
Сцена